Гардист

- Класа империјански елитен мечувалец.
- Специјални особини: бонус животни поени х1.2 во одбрана и животни поени х2 кога е во гарнизон.
- Барања: Напад од блиску [15], Оклоп [15], Централизација [10].

За повеќе информација околу гардистите, кликнете овде или погледнете го описот во играта во Касарните за Пешадија.

Гарнизон

1. Место зад ѕидовите на Тврдината каде што се распоредени трупи. Секое ниво Тврдина има определен основен лимит на гарнизон кој се зголемува преку истражување Воена архитектура.

2. Трупи распоредени зад ѕидовите на Тврдина. За единиците во гарнизон не е потребно издржување и немаат Морал, бидејќи едноставно немаат каде да побегнат.

Генерал

Воен чин доделен на играч со 500 000-749 999 воени поени.

Генерал Мајор

Воен чин доделен на играч со 225 000-324 999 воени поени.

Генерал потполковник

Воен чин доделен на играч со 325 000-499 999 воени поени.

Глобален ефект

Ефект применет на целата Империја.

Глобален профил

Употребата на истото корисничко име, имејл за регистрација и лозинка, во сите светови на Ера на Освојување, значи дека после првата регистрација, избраното корисничко име и имејл стануваат трајно резервирани. Ако играч има профил и сака да се регистрира во нов свет со истите податоци, треба да кликне на линкот 'Имате ли профил?' во формуларот за регистрација. Профили од старите верзии на Имеприја Онлајн може да бидат додадени на глобалниот профил на Ера на освојување, преку мени Подесувања, внесување на корисничко име и лозинка. Промената на лозинка влијае на сите Империи во глобалниот профил.

Глобална мапа

Земјата каде што се наоѓа Ера на Освојување. Мапа еднакво и целосно видлива за сите играчи во светот. Место каде што се наоѓаат сите Империи, колонии, сојузни замоци и собирни пунктови и каде што исклучиво се извршуваат сите воени интеракции помеѓу играчите и сојузите (напад и шпионажа). Глобалната Мапа просторно е измерена во Империјални милји. Најголемото растојание може да биде 2800 ИМ. Достапна е преку горната икона од секторот на мапите, во горниот лев агол на играта.

Голем фестивал

Еднократен или постепен модификатор на задоволството, со позитивен глобален ефект на моменталната локална вредност на Задоволство. Се организира на Градскиот Плоштад и е во фиксна цена во дијаманти - 850 дијаманти за 1-виот Фестивал, 680 за 2-ри, 510 за 3-ти, 340 за 4-ти, 170 за 5-тиот и наредните (пресметано за целата Империја, не само за една провинција), но ако големите фестивали се масовни, потребниот износ е поделен на 2. Основниот ефект е +2 Задоволство и се зголемува за 2 со секое ниво Градски Плоштад. Само еден голем фестивал може да биде организиран на секои 24 часа.

Големиот Храм

Посебна градба во Сојузниот замок којашто го зголемува опсегот на културно и воено влијание со определен радиус по ниво. Зголемувањето има тенденција да намалува т.е. со секое следно ниво, разликата помеѓу две нивоа е помала, во споредба со претходното.

За повеќе информација околу Големиот храм, кликнете овде.

Грабеж

Трупите му нанесуваат штети на противничкото цивилно население. Ако во одбрана има војска на поле, мора да биде уништена за да би бил извршен грабежот т.е. да се спроведе битка на поле. Злато се заработува за секој убиен селанец. Се казнува со намалување Чест. Номадите ограбуваат повеќе население и губат помалку Чест од Империјаните.

За повеќе информација околу Грабеж, кликнете овде и овде.

Градба

Заеднички израз за сите структури во Ера на Освојување чијашто целосна изградба е разделена на нивоа. Секое ниво го зголемува капацитетот на градбата или нејзиниот ефект; и двете се локални, освен тие во Универзитетот и Научната Академија - тие влијаат на целата Империја. Колку повеќе нивоа има градбата, толку е поразвиена. Сите фигури на градби се видливи на Мапата на селото. Со клик на фигурата на градбата се отвора прозорец со информација за развојот на соодветната градба и дава пристап до градбата. Градбите се порачуваат во Градскиот Центар.

Градски плоштад

Место каде што се забавуваат селаните после напорен ден. На плоштадот се организираат фестивали. Секое ниво го зголемува ефектот на фестивалите за 1 за мал и 2 за голем фестивал.

Градски центар

Место од каде што се градат сите градби.

Група на обука

Група од војници од ист вид и класа, регрутирани истовремено. Бројот од групите на обука се зголемува преку ниво Воени вештини.

Групна понуда

Начин за групно пазарување којшто доделува намаленија до 70% ако одредена групна понуда е купена од одреден минимален број корисници пред последниот рок. Секоја понуда ги има следните карактеристикеи - производ, попуст, рок и минимален број продажби. Ако потребниот број продажби е направен на време, понудата е активирана и после истекувањето купувачите успешно ја добиваат купената услуга. Ако понудата не е активирана, дијамантите им се враќаат на купувачите, после истекување на рокот. Во случај на моментална групна понуда, етикета со попуст се појавува на мапата на Селото.

^