Далекострелна единица

Сите војници и опсадни машини коишто исфрлаат оружје од растојание, без да се исправаат лице во лице со непријателот.
Далекустрелни единици во Ера на Освојување: стрелци, коњаници стрелци, катафракт стрелци и сите опсадни машини.

Данок

Начинот по којшто се заработува злато. Се извлекува само од вработеното население и има големо влијание на дневниот Биланс на Задоволство. Колку е повисока даночната стапка, толку се повисоки загубите на Задоволство.

Данок на провинција

Данокот во злато извлечен од припоените провинции и вработеното население во престолнината.

Даночна стапка

Ниво на данок, количеството злато добиено на час. Има шест даночни стапки во Ера на Освојување.

Десетар

Воен чин доделен на играч со 250-499 воени поени.

Дијаманти

Ресурси на Ера на Освојување, купени со вистински пари или добиени бесплатно и употребувани во играта за различни додатоци и објекти. Дијамантите може да бидат купени и заработени.

За повеќе информација околу дијамантите кликнете овде.

Дневен модификатор на Задоволство

Фактор со позитивен или негативен ефект на Задоволството, секојдневно применет на целиот 24-часовен период помеѓу две миграции.

За да го прочитате целиот список со дневни модификатори на задоволство, кликнете овде.

Донација на војска

Воените единици подарени на сојузот од неговите членови и преку Глобалната Мапа испратени до Собирен пункт или Сојузен замок од истата раса. Трупите стануваат сопственост на сојузот во моментот кога се растоварени, тогаш, нето економските поени добиени од регрутацијата се одземаат од моменталните нето економски поени на донаторот и се додаваат на вредноста на сојузните поени. Еднаш донирани, трупите не може да бидат повлечени.

За повеќе информација околу донирањето сојузна војска, кликнете овде.

Дрво

Произведено од вработеното население во пиланите, дрвото е потребно за регрутирање војска и повеќето градби и истражувања.
Златен еквивалент: 1 дрво = 0,5 злато

^